Приведен крадец во Кочани, украденото вратено на сопственикот

Од:

Полициски службеници од Полициската станица Кочани вчера од слобода го лишиле 32-годишниот Е.М. од Кочани затоа што околу 15.20 часот во домот на 47-годишна жена нa улицата „Поп Арсов Блаже“ во Кочани со употреба на физичка сила и одзел мобилен телефон и платежна картичка, информира МВР.

Полициски службеници, врз основа на судска наредба, извршиле претрес во домот на Е.М., при што биле пронајдени и одземени украдените предмети, соопшти МВР.

По целосно документирање на случајот против Е.М. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари