Приведен избеган затвореник од Идризово

Од:

Припадници на Единицата за прв одговор „Алфа“ го лишиле од слобода Суат Ј.(43) од Скопје, кој се барал по наредба од КПУ „Идризово“ од 12 август 2013 година поради бегство од затворот, каде издржувал казна затвор во траење од 15 години за сторени кривични дела „убиство“, „убиство во обид“ и „тешка кражба“.

Како што соопшти денеска Министерството за внатрешни работи, 13 август 2006 година околу 18 часот на раскрсницата на улиците „Пролетерска“ и „Лепеначка“ Суат Ј. заедно со Нехат. С.(33), кои биле во возило „застава 101“, од автоматско оружје испукале повеќе куршуми кон возило „форд ескорд“ при што биле лишени од живот Бранко И.(50) и Љупчо А.(48), а со тешки телесни повреди се здобиле С.И. (51) и С.А(41).

Суат Ј. бил приведен вчера околу 16 часот на улицата „Лазо Трповски“, по што бил однесен во Полициска станица Бит Пазар, од каде полициски службеници од единицата „Алфа“ го спровеле во КПУ Затвор „Идризово“ за доиздржување на затворската казна.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари