Приведен инспектор од УЈП – побарал поткуп од 700 евра

Од:

На 6.07.2022 по преземени мерки и активности од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, лишен е од слобода Ј.К.(63) од Скопје, вработен како инспектор во Управата за јавни приходи.

Тој во својство на службено лице, во текот на месец мај и почетокот на месец јуни, постапувајќи по налог за контрола на ДДВ, од сопственик на правно лице од Скопје, побарал парична награда-поткуп во износ од 700 евра за да преземе службено дејствие што не би смеело да го преземе, односно да изготви Записник со помал наод, кој по негово кажување требало да изнесува 600.000 денари.

Ј.К., по претходен телефонски разговор и договор за средба, во текот на денешниот ден во Скопје ги побара и прими паричните средства во побараниот износ, по што од страна на полициски службеници е приведен.

По претходна наредба од Судија на претходна постапка, извршен е претрес кај лицето, при што се пронајдени паричните средства кои беа дадени од страна на правното лице. По документирање на случајот против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

УЈП: Апликацијата МојДДВ е прилагодена на повисокиот лимит по корисник

Катерина Павлова-Николовска

УЈП наскоро ќе ги достави записниците од втората контрола до ЈСП и приватните превозници

Горан Наумовски

Скопјанец во 2021 година имал бруто доход од четири милиони евра, адвокати и нотари со највисоки плати од самостојни дејности

Орце Костов

Анонимен испраќач користи лого на УЈП за да ги наведе граѓаните да ги споделат своите податоци од дебитните и кредитните картички

Орце Костов

Поради активности во ИТ системите на УЈП, утре се можни прекини во е-услугите

УЈП: До крајот на неделава се очекува да заврши ажурирањето на апликацијата „Мој ДДВ”