Приведен екс-директорот на УБК, Владимир Атанасовски

Од:

На предлог на Обвинителството за организиран криминал и корупција, поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски вечерва е приведен и изнесен пред суд на распит, по што судија на претходна постапка ќе одлучи дали ќе му биде определена мерка притвор, дознава А1он.

Притвор се бара поради опасност од бегство и можност за влијание врз сведоци.

Атанасовски на минатите рочишта од страна на обвинетите за 27 април беше директно посочен како главен организатор на насилниот упад во Собранието, кога физички беа нападнати пратениците од тогашната опозиција.

Според сведочењето на обвинетите Михаил и Стефан Младеновски целта на упадот во Собранието било доколку биде избран нов претседател на Собранието, упадот да биде причина претседателот Иванов да прогласи вонредна состојба и да ги уапси пратениците од СДСМ.

Атанасовски на чело на УБК дојде во септември 2016, кога од функцијата си замина Сашо Мијалков.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Јане Ченто поднесе кривична пријава против Вилма Русковска за случајот „27 април“

Мицкоски: „27 април“ е политички монтиран случај од страна на претходната власт

(ВИДЕО) Кузеска: Девет години од крвавиот 27 април – ги гледаме истите тенденции на заробената држава

Јане Ченто поднесува кривична пријава против Вилма Рускоска за 27 април

Почина Кире Ѓорѓиевски, осуден за тепањето на Зијадин Села во случајот „27 април“

Катерина Ѓуровски

Почина Игор Југ, еден од осудените за „27 април“

Катерина Ѓуровски