Приведен џепчија во Скопје, фатен непосредно по извршена кражба

Од:

Вчера попладне, во 13.20 часот на ул.„Стале Попов“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода 54-годишниот С.С. од Скопје, информира МВР.

– Тој се сомничи дека околу 13.00 часот на автобуска постојка на булевар „Кузман Јосифовски Питу“ искористил гужва при влегување во автобус и од чанта на оштетената одзел паричник со пари и лични документи, соопшти МВР.

Тој бил приведен во Полициската станица Центар и во службен разговор го признал делото. Кај него биле пронајдени одземените предмети кои биле вратени на сопственичката.

За случајот бил запознаен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 235 од Кривичниот законик, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари