Приведен Драги Рашковски, се носи во Кривичен суд

Од:

Обвинителството побарало, а судот дал налог за приведување на Драги Рашковски и на Даниел Станчев, дознава „А1он“. Според информациите, тие утрово се носат во Кривичниот суд, а неофицијално е побарана мерка за обезбедување на присуство. Станчев е сопственик на фирмата „Инвока Груп“ од која е набавен сообраќаен софтвер од генералниот секретаријат со кој управуваше Рашковски. Неофицијално приведени се како дел од истрагата за софтверот која ја отвори Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

„Ќе има соопштение“, е краткиот одговор на обвинителката Вилма Русковска на прашањето за приведувањето.

Софтверот за сообраќајни прекршоци, кој не е во употреба, бил платен 81.000 евра и за него објави „360 степени“. На огласот на Генералниот секретаријат на Владата во ноември 2019 година за изработка на софтвер за сообраќајни прекршоци, за автоматско казнување во системот „Сејф сити“ на МВР се пријавиле три компании. Победила компанијата „Инвока“. Софтверот е платен во февруари 2020 година, шест дена пред изборите. Овој софтвер веќе една година не е во употреба.

Освен Обвинителството предмет за случајот отвори и Државната комисија за спречување корупција (ДКСК). Премиерот Зоран Заев рече дека нема сомнеж за набавката.

Во екот на оваа афера, Рашковски со семејството замина на годишен одмор во Мексико.

Би можело да ве интересира

Укинат куќниот притвор за Драги Рашковски

Катерина Ѓуровски

Рашковски доби куќен притвор и забрана да комуницира со тројца од обвинетите во „Софтвери“

Осуден во „Софтвери“ ја запроси девојката во судница: „Прекрасен момент, нека ви е со среќа“, им честиташе судијката

A1on

Осум години затвор за перење пари, местење тендери за Рашковски – Пресуда за „Софтвери“

Анита Петровска Рајковиќ

Во Кривичен денеска ќе биде објавена пресудата за случајот „Софтвери“

Одбраната на Рашковски побара ослободителна пресуда за случајот „Софтвери“