Приведен директорот на ЈЗУ „Здравствен дом“ – Охрид

Од:

Директорот на ЈЗО „Здравствен дом“ од Охрид е приведен во акција наполицијата заедно со уште двајца вработени.

Откако надлежниот обвинител утврдил постоење на основано сомнение по пријава од финансиска полиција започна истражна постапка против вработените во ЈЗО „Здравствен дом“ од Охрид.

Осомничените во периодот од 2010 до 2014 година подигале готови средства уплатени на име на партиципација од страна на пациентите. Со тоа, го оштетиле Буџетот на ЈЗУ Здравствен дом Охрид за 7.565.302 денари.

Двајца од осомничените добиле мерка притвор, додека третиот ќе биде во домашен притвор.

Ф.Ј.
Фото: МИА

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

(ВИДЕО) Жарко Грозданоски од Тетово го уби охриѓанецот Климе Митрески поради имот вреден над 1 милион евра

А1он