Приведен дилер во Тетово, пронајдена марихуана

Од:

Приведен е дилер од Тетово кај кој била пронајдена марихуана, информираат од Министерството за внатрешни работи.

„Полициски службеници на СВР Тетово денеска (8 април) околу 18 часот го лишиле од слобода 26-годишниот тетовец Б.Ш., затоа што при претрес извршен со судска наредба попладнево во неговиот дом и помошни простории во Тетово, пронајдена му се три ќесиња со марихуана, дигитална вага и 43 зипер кесички. Тој е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно расчистување на случајот ќе му биде изготвен поднесок по член 215 од Кривичниот законик и ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово“, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Касами ги викна владиката и муфтијата за заедно да се борат за соживот во Тетово

А1он

Марихуана, кокаин и прашкасти материи се пронајдени на повеќе локации, приведени се пет лица

Исчезнаа 7,8 тони медицински канабис од фирма во струмичко, МВР поднесе кривични пријави

Во близина на „Ќафасан“ уапсен е голем дилер на дрога од Гостивар

Балканска шверцерска група падна со 79 килограми марихуана на македонско-грчката граница

139 деца за 48 часа на педијатрија во Тетово, 12 хоспитализирани – Алијанса прашува: „Каде се министрите?“

Катерина Ѓуровски