Приведен дилер во Штип, пронајдена дрога

Од:

На 25.12.2021 од 14,05 до 15,25 часот од страна на полициски службеници од ОНТДО-СВР-Штип, по претходна судска наредба од Основен суд Штип, извршен бил претрес во домот на М.П.(37) од Штип. При претресот биле пронајдени 11 пакувања со бела прашкаста материја, 135.000 денари, 4.380 евра, 130 фунти, 50 франци и два мобилни телефони за кои постои основи на сомнение дека потекнуваат од извршено кривично дело.

Пронајдените предмети биле одземени од М.П., а тој бил лишен од слобода и по целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена