Приведен дилер во Битола, пронајдени амфетамин и марихуана

Од:

Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија за дрога и оружје од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола вчера го лишиле од слобода 42-годишниот Д.Р. од Битола, информира МВР.

– При преглед во возило „ауди“, кое го управувал Д.Р., бил пронајден и одземен амфетамин. При претрес во неговиот дом, извршен врз основа на судска наредба, биле пронајдени и одземени амфетамин и марихуана, соопшти МВР.

Лицето е приведено во полициска станица, за случајот бил известен Јавен обвинител, а по негово целосно документирање против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 215 од Кривичниот законик.

Би можело да ве интересира

Филипче: Немам врска со било која фирма за марихуана, власта прави дефокус од скандалот со 5 тони дрога

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Уапсени се тројца гостиварци – кај нив најдена дрога и оружје

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петрушевски: Над 2/3 од 27 тони запленета дрога е од фирма на кадар на СДС, соработник на Зоран Заев

Горан Наумовски