Приватните превозници повторно ќе блокираат ако не се реши проблемот со долговите

Од:

Да реши проблемот со заостаниот долг што кон нив го има ЈСП, да се догворат со Градот и да се вратат во јавниот превоз. Ова се барањата на приватните превозници кои денеска протестираа пред седиштето на ЈСП барајќи средба со директорот. Со не го не се видоа, но се надеваат дека ќе бидат повикани на средба.

Бараат помош и од Владата за да има договор со градоначалничката Данела Арсовска околу долгувањата. Ако не им се излезе в пресрет повторно ќе излезат на блокади.

Приватните превозници од крајот на минатата година немаат договори со Градот Скопје и со ЈСП, не се дел од јавниот превоз и се во конфликт со градоначалничката околу дологот за кој тие тврдат дека е околу 1,5 милони евра. Арсовска неколку пати ги упати да ги бараат парите кои тврдат дека им се должат преку суд.

Приватните превозници не се пријавија на двата повици од Градот Скопје за покривање на дела од автобуските линии.

Би можело да ве интересира

Условна казна затвор од две години доби напаѓачот на градоначалничката Данела Арсовска

Арсовска сепак именуваше нов директор на Комунална хигиена

Катерина Ѓуровски

Резервите со нафта се при крај, Управниот одбор на Комунална бара од Арсовска да назначи директор

Катерина Ѓуровски

Арсовска: Господине Мицковски прво да се потсетите што сѐ сте направиле како ВМРО/ВЛЕН и власт во Советот на град Скопје терајќи инает со граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ: Нашите советници гласаа за сите одлуки предложени од Арсовска поврзани со Комунална хигиена

Арсовска: Кадрите на Мицкоски се надлежни за Комунална, тие се во Управниот одбор и во Советот на градот