Притвор за велешанката осомничена за убиство на партнерот

Од:

Основното јавно обвинителство во Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 23-годишна девојка од Велес за кривично дело – Убиство информираат од Јавното обвинителство.

0На 29 септември, во раните утрински часови, во куќата во која живеела, осомничената при вршење семејно насилство лишила од живот 40–годишен маж со кого живеела во вонбрачна заедница. По вербална и физичка расправија меѓу нив, тој ја фатил за врат со намера да ја дави, па осомничената со нож му нанела убодна рана во пределот на левата страна на градниот кош која резултирала со смртна последица, се вели во соопштението од ОЈО.

Имајќи ги предвид видот, тежината на кривичното дело и запретената казна, наоѓајќи дека осомничената може да се даде во бегство или да ги уништи и сокрие трагите од предметното кривично дело, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд Велес достави предлог за определување мерка притвор за обезбедување на нејзиното присуство во текот на постапката. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот на обвинителот и на осомничената и определи притвор во траење од 30 дена.​​

Би можело да ве интересира

Одрон на патот кон Велес – возилата се пропуштаат наизменично

Горан Наумовски

Лут возач прегази човек со автомобилот неколку пати, па потоа нападна друг

А1он

Вардар само што не се излеа во центарот на Велес

Сериски убиец во Куманово: покрај жената во Челопек, 25-годишникот можно е да е поврзан и со други злосторства

Катерина Ѓуровски

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Уапсен е 25 годишник кој со перница задуши старица во село Челопек

А1он