А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Притвор за три лица за осомничени за трговија со дрога

by А1он24/03/2017 - 15:49131
Share0

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапувајќи по кривична пријава поднесена од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – единица за недозволена трговија при МВР, донело наредба за спроведување на истражна постапка против Ф.И. (50) , С.Ф. (50) и М.А. (47), поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Добивај вести на вибер

Од ЈОРМ соопштија дека вчера до судија на претходна постапка е поднесен и предлог за определување мерка притвор против трите лица.

– Во периодот од 20 до 23-ти овој месец С.Ф. од непознато лице купил наркотична дрога – марихуана, по што со Ф.И. се договорил тој да посредува на продажбата на дрогата. Ф.И. се договорил М.А. да ја купи наркотичната дрога и да ја размени за патничко моторно возило марка БМВ. На 22 март околу 19 часот Ф.И. во с. Одри од С.Ф. ја презел наркотичната дрога марихуана за да ја однесе на купувачот М.А., но околу 20 часот од страна на полициски службеници на МВР на РМ на локалниот пат од правец на с.Одри спрема с.Џепчиште е запрено патничко моторно возило марка Пежо 206 управувано од Ф.И. и по извршен преглед во возилото во делот кај патосницата од совозачкото седиште пронајдено е едно поголемо правоаголно пакување со проѕирна фолија во кое имало наркотична дрога марихуана со вкупна нето тежина од еден килограм, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.

Постапувајќи по предогот за определување притвор од судија на претходна постапка при Основен суд Скопје 1 Скопје е донесено решение за определување мерка притвор против тројцата обвинети, се додава во денешното соопштение од ЈОРМ.

drogaobvinitelstvo

Би можело да ве интересира

Разбиена мрежа за дрога – повеќе од 100 уапсени во Украина, Полска и Молдавија

А1он21/02/2026 - 11:3021/02/2026 - 11:05

Филипче: Немам врска со било која фирма за марихуана, власта прави дефокус од скандалот со 5 тони дрога

Горан Наумовски16/02/2026 - 14:26

Со тупаници ја тепаше бремената партнерка, па почна да ја дави

А1он14/02/2026 - 13:53

Уапсени се тројца гостиварци – кај нив најдена дрога и оружје

А1он14/02/2026 - 12:5014/02/2026 - 14:13

Скандал со загадената вода во Струга – Обвинителството покрена истрага

Горан Наумовски13/02/2026 - 10:33

(ВИДЕО) Петрушевски: Над 2/3 од 27 тони запленета дрога е од фирма на кадар на СДС, соработник на Зоран Заев

Горан Наумовски07/02/2026 - 13:1607/02/2026 - 17:26
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен