Притвор за скопјанец поради недозволена трговија со дрога

Од:

Во рамки на акцијата „Мрежа“, приведен е скопјанецот Б.Ј. (26) за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Како што соопшти МВР, на Б.Ј. му е одредена мерка притвор од 30 денови.

Единицата за недозволена трговија со дрога, по добиеното сознание дека пријавениот, евидентиран уличен дилер на марихуана, во текот на 2014 година неовластено набавил поголема количина на марихуана и анфетамин, наркотици што во зависнот од побарувачката ги препакувал во помали количини (полиетиленски и хартиени паковки) и истите ги препродавал на уживатели од Скопје, презеде мерки и активности за документирање на тие сознанија

По потврдувањето на сознанието, во три одделни акции во непосредна близина од домот на Б.Ј., забележан е како остварува кратки средби со повеќе различни лица, при што на четири лица од Скопје им е извршен личен преглед и кај сите е пронајдена по една хартиена паковка марихуана. Од извршеното вештачење на одземените три паковки е констатирано дека станува збор за марихуана со вкупно тежина од 1,98 грама.

Б.Ј. во периодот 2008/2014 година е трипати кривично пријавуван за недозволен трговија со дрога и насилство, припадници на ЕНТ со Наредба од Судија на претходна постапка, извршија претрес во домот и други простории на Б.Ј., при што се пронајдени и одземени 83,25 грама марихуана, 6,36 грама амфетамин и две дигитални ваги, на кои по извршеното вештачење се детектирани траги од амфетамин, кокаин и марихуана.

Б.Ј. е приведен во службените простории на СВР Скопје-Единица за недозволена трговија со дрога, каде делумно дал појаснување за пронајдената наркотична дрога во неговиот дом. Инаку досега од почетокот на акцијата „Мрежа“ кривично пријавени се околу 150 нарко дилери а запленети се и приближно 515 килограми различни видови дрога.

Би можело да ве интересира

Хрватската полиција заплени 13 килограми кокаин на граница со Црна Гора

А1он

(ВИДЕО) МВР со засилени мерки против употребата на пиротехнички средства

А1он

Акција на МВР во Скопје: Уапсени се 12 лица за злосторничко здружување, незаконско поседување на дрога и оружје

ВИДЕО: Петардите не се играчка, оставаат последици и строго се забранети, предупредува МВР

(ВИДЕО) Заплена на дрога во Струшко, во возило пронајдени 62 пакувања марихуана

Горан Наумовски

Прекршочна постапка против градоначалникот на Струга за неупотреба на државното знаме