Притвор за полицајците и цариниците кои беа уапсени за шверц на дрога

Од:

Притвор во траење од 30 дена им е одреден на осомничените полицајци и цариници кои беа уапсени за шверц на дрога.

„Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција, пред судија на претходна постапка денеска беа спроведени 9 лица осомничени – дел за кривичното дело Криумчарење, а дел за Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори.

По произнесување на надлежниот јавен обвинител и осомничените во присуство на нивните бранители во однос на предлогот, судија на претходна постапка донесе решенија со кои го прифати предлогот и на 8 од осомничените им определи мерка притвор во траење од 30 дена, додека на еден од осомничените му определи мерка притвор во траење од 8 дена со
оглед да против истиот е поднесен предлог во скратена постака.

Според решенијата за опредлеување мерка притвор, судот сметал дека се исполнети условите од чл. 165 ст.1 т 1. 2. и 3. од ЗКП односно дека кај осомничените постои опасност од бегство, можност да влијаат врз сведоците или да ја попречат истарагата и опасност да го повторат делото.

Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје“, се наведува во соопштението на Кривичниот суд.

Би можело да ве интересира

МВР во 2026 сè уште работи со тефтери, Тошковски најавува дигитализација за три до четири месеци

За пет часа полицијата напиша 221 казна за пешаците во Македонија

А1он

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност

Малолетничките кои малтретираа 13-годишно девојче во Ѓорче Петров упатени во воспитно поправен дом

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари