Притвор за осомничените за убиството во Гостивар, мотив било несогласувања и конфликти

Од:

ОЈО Гостивар поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа со цел обезбедување одредени докази за трите приведени лица во врска со вчерашното убиство во Гостивар.

По истекот на тој законски рок, како што информираат од ОЈО Скопје, обвинителството ќе извести за истражната постапка и новите мерки за обезбедување што ќе бидат предложени.

– Согласно првичните сознанија, мотив за убиството се подолготрајни несогласувања и конфликти меѓу сторителите и жртвата, стои во соопштението од ОЈО.

Вчера околу 17.15 часот во СВР Тетово било пријавено дека во гостиварско село Дебреше со автоматско оружје било пукано кон Р.К.(35) од Дебреше.

– Како осомничени извршители на делото се браќата Ј.В и Б.В. од истото село. Тиe во моментот на извршувањето биле во патничко возило „волво“. Едниот од нив, Б.В. е приведен. Од него е одземена автоматската пушка со која го извршил делото, наведе вчера портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи.

Би можело да ве интересира

Убиство на Косово – го застрела својот брат во гениталии, искрвари на пат кон болница

А1он

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Го убија, пренесоа и го запалија неговото тело во близина на Сплит, поднесено обвинение

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар