Судот им одреди мерка притвор на поранешниот член на ДИК, Бедредин Ибраими и за ексшефот на тајната полиција, Сашо Мијалков. Судијата Огнен Ставрев соопшти дека го прифатил предлогот на СЈО да им биде определен притвор по изрекување на пресудата. Останатите обвинети ексчленови на ДИК, Мендух Тачи, Сашо Срцев, Влатко Сајковски и Анета Стефановска ќе треба да доаѓаат еднаш неделно во судот. Обвинетите имаат право на жалба.
Ваквата одлука доаѓа откако обвинителката на СЈО, Фатиме Фетаи, побара притвор за Сашо Мијалков и Бедредин Ибраими во предметот „Титаник 2″, кои судот ги осуди на казни затвор од 3 и 4,6 години.Мерката притвор е да се спречи опасноста од бегство, рече Фетаи.
Претходно судот го осуди на три години затвор за поранешниот шеф на тајната полиција, Сашо Мијалков. Судечкиот совет составен од судиите Огнен Ставрев и Осман Шабани и тројца поротници ги осуди на казна затвор од 3 години и два месеци години лидерот на ДПА, Мендух Тачи, и поранешниот член на ДИК, Бедредин Ибраими, на казна затвор од 4 години и 6 месеци. Поранешните членови на ДИК, Сашо Срцев, Влатко Сајковски и Анета Стефановска добија казни од 3 години за незаконското поништување на гласањето на локалните избори во Струмица во 2013 година поради политичко влијание.
Во и околу судот има засилено присуство на полициските „алфи“. Мијалков до пред почетокот на судењето беше во куќен притвор за истрагата „Империја“.
Васко Маглешов