А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Притвор за косовски државјанин кој се обидел да внесе кокаин во „Идризово“

by А1он01/02/2020 - 16:32467
Share0

Притвор од 30 дена му одреди Основниот кривичен суд Скопје на косовски државјанин осомничен за кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Добивај вести на вибер

Осомничениот вчера во просториите на затворот „Идризово” во Скопје при редовна посета на осудено лице неовластено заради пренесување држел 89,96 грама кокаин.

При влезот во установата осомничениот на затворскиот полициски службеник му предал пакет наменет за осуденото лице, во кој имало и една јакна.

По извршениот претрес на пакетот, во внатрешниот џеб од јакната, во најлонско пакување обвиткано со селотејп, била пронајдена наркотичната дрога – кокаин, соопшти Јавното обвинителство.

Мерката притвор од 30 дена му е одредена на предлог на надлежен јавен обвинител поради опасност осомничениот да избега, да влијае врз сведоците и да го повтори кривичното дело.

idrizovokokainkosovo

Би можело да ве интересира

Одаловиќ: Органи на Срби од Косово се продавани во странство

Горан Наумовски19/02/2026 - 12:13

Вучиќ: Загрозени сме од воениот сојуз на Хрватска, Албанија и Косово, ќе ја браниме нашата територија

Катерина Ѓуровски13/02/2026 - 20:4713/02/2026 - 22:26

Симиќ: Во експозето на Курти нема Срби, ниту пак правата што ни се гарантираат со Устав не ни се загарантирани

Горан Наумовски12/02/2026 - 14:14

Запленети се неколку тони кокаин

Горан Наумовски12/02/2026 - 07:3612/02/2026 - 07:55

Избрана нова влада во Приштина, Курти е премиер по трет пат

Горан Наумовски11/02/2026 - 22:55

Курти го претстави составот на новата косовска влада, Ненад Рашиќ е предложен и за министер

Горан Наумовски11/02/2026 - 22:45
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен