Притвор за гостиварец осомничен за производство и продажба на дрога

Од:

Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал при извршени претреси на две локации на подрачјето на Гостивар и Маврово, заради обезбедување докази за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”,  пронајде и заплени калапи и друга погодна опрема  за пресување на наркотична дрога, 434 куршуми со калибар 7,62  за автоматска пушка како и 227 куршуми калибар 9 милиметри за пиштолска муниција и еден пиштол  марка „Берета“.

МВР денеска соопшти дека по сознание дека лицето Б.О.(48) од  Гостивар е инволвиран во недозволена трговија со дрога, по наредба на судија на претходна постапка од страна на полициски службеници извршени се претреси на дом и други простории сопственост на осомничениот во Гостивар, како и во викенд куќа во село Леуново–Маврово сопственост на Б.О.

Од извршените претреси во викенд куќата во село Леуново пронајдени се една стаклена тегла со 200 куршуми калибар 7,62 мм за автоматска пушка, 2 картонски кутии со 140 куршуми калибар 7,62 мм, една картонска кутија со 64 куршуми калибар 7,62 мм, и едно облепено пакување со вкупно 30 куршуми калибар 7,62 мм потоа една хидраулична дигалка од 4 тони, два предмета со цилиндрична форма сребрена боја, еден  предмет од метал облепен со бела леплива лента, еден метален предмет со кружна форма облепен со бела и зелена лента, еден метален предмет на кој од четири страни има шипка со навој и завртки од двете страни, а двете страни имаат метални прачки со квадратна форма. Пронјадени се и едно црвено кесе во кое имало две картонски кутии со натпис „пиштолетни патрони “ калибар 7,62 мм, една картонска кутија обвиткана со кафена салотејп трака, едно пакување со селотејп во кружна форма, еден маркер сина боја, една кујнска вага, една користена бела ракавица, една искористена леплива трака сина боја на која има остатоци од жолта полиетиленска кеса, два метални предмети во форма на правоаголник кои од надворешната страна се ребрасти, два метални капаци во форма на правоаголник кои од надворешната страна се ребрасти, две метални плочки правоаголна форма кои од надворешната страна имаат елипсовидни фигури, една метална плочка со натпис „Dona Witz“, две парчиња стиропор едно со правоаголна и едно со квадратна форма, едно дрвено парче со правоаголна форма на кое има видливи отпечатоци, седум селотејп траки со кафејава боја со натпис „hinsimao“, две селотејп траки сина боја со натпис „seloplast“, една селотејп со натпис „bellotone“, една ролна со најлон за вакумирање, една шпакла со остатоци од зелена растителна материја, како и траги од прашкаста материја.

По извршениот претрес  во домот на Б.О. во Гостивар пронајдени се еден пиштол марка „Bereta“ со  дозвола една рамка со 15 куршуми калибар 9 мм, една рамка со 14 куршуми калибар 9 мм и 4 пакувања со 198 куршуми калибар 9 мм за пиштол. Иако за пиштолот марка „Bereta“ Б.О. поседувал соодветна  дозвола, стои во соопштението од МВР, поради сторените кривични дела ќе биде спроведена Управна постапка за одземање на горенаведениот пиштол.

При претресите не е пронајдена наркотична дрога, но пронајдените предмети во викенд куќата во село Леуново, се подвлекува во соопштението, укажуваат на тоа дека  во претходниот период се пресувала и пакувала наркотична дрога.

Одземените предмети се предадени до Одделот за криминалистичко – технички испитувања и вештачења при МВР на РМ,  и по извршено вештачење на пронајдените траги од растителна и прашкаста материја утврдено е дека се работи за траги од марихуана и кокаин.

Од страна на Секторот за недозволена трговија со дрога од Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал до Основното Јавно обвинителство-Гостивар поднесена е кривична пријава против Б.О., за сторени кривични дела „Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”.            

Лицето Б.О., соопшти МВР, е изнесено  пред судија на претходна постапка за што му е одреден притвор во траење од 48 часа со можност за продолжување.

Би можело да ве интересира

Арсенал оружје пронајден кај вработен во МВР, обвинителството бара притвор

Катерина Ѓуровски

СДСМ најостро го осудува палењето на возилото на претседателот на ОО Кривогаштани

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Притвор за полицаец поради продажба на кокаин

А1он

Oткази за 15 високи службеници во МВР

А1он