Притвор за битолчанец осомничен за производство на марихуана

Од:

СВР Битола поднесе кривична пријава до Основното Јавно обвинителство против Д.Ч. (30 г.) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство ипуштање во промет наркотични дроги,психотропни супстанци и прокурсори”.

На прес-конференција во СВР-Битола, портпаролот Сања Стаматова истакна дека пријавениот во периодот јули-септември 2016 година во нива во атар на селото Карамани-Битола, засадил и одгледувал опојна дрога марихуана со цел понатамошна недозволена продажба на наркозависници од Битола.

– По претходно добиени оперативни сознанија, на 30.септември екипи на СВР-Битола извршија операција „Заседа“ при што пријавениот е затекнат како со кофа ги наводнува засадените стебла марихуана. По извршен увид и фотографирање на местото на настанот, подигнати се 6 стебла за кои по наредба на обвинителството, извршено е вештачење каде утврдено е дека растенијата кои се откорнати се во свежа состојба, со височина од 148 до 164 см., со развиен корен, стебло, гранки со лисја и врхушки кои припаѓаат на растението „Canabis“, од кое со понатамошна преработка може да се добијат други опојни дроги, појасни Стаматова.

Таа информира дека е извршен претрес и во куќа во селото Карамани која пријавениот ја користел, но не се пронајдени бараните предмети.По целосно расчистување и документирање на настанот пријавениот е предаден на судија за претходна постапка од Основен Суд Битола каде му е одредена мерка притвор во траење до 30 дена.

Би можело да ве интересира

Хрватската полиција заплени 13 килограми кокаин на граница со Црна Гора

А1он

(ВИДЕО) МВР со засилени мерки против употребата на пиротехнички средства

А1он

Акција на МВР во Скопје: Уапсени се 12 лица за злосторничко здружување, незаконско поседување на дрога и оружје

ВИДЕО: Петардите не се играчка, оставаат последици и строго се забранети, предупредува МВР

(ВИДЕО) Заплена на дрога во Струшко, во возило пронајдени 62 пакувања марихуана

Горан Наумовски

Прекршочна постапка против градоначалникот на Струга за неупотреба на државното знаме