Притвор и истрага за убиство за осомничениот што нападна 66-годишен скопјанец

Од:

Надлежен обвинител од скопското обвинителство постапувајќи по кривичната пријава поднесена од МВР, донесе наредба за истрага против едно лице за кривично дело „Убиство“ од член 123 ст.1 од Кривичниот законик.

Осомничениот на 3 август 2018 година, околу три часот по полноќ, во алкохолизирана состојба дошол на Кеј „13 Ноември“, пред монтажниот објект – тезга за продажба на книги и списанија каде во тој момент престојувало сега починатото лице и започнал да тропа по прозорците. Откако лицето му отворило, осомничениот започнал да се расправа и без никаков повод и причина физички го нападнал оштетениот удирајќи го во повеќе наврати со тупаници и клоци по телото и главата.

„Од ударите лицето се здобило со нагмечување на мозочната маса и истото со брза помош било пренесено во Ургентниот- хируршки центар – Скопје. Поради влошување на состојбата повредениот е пренесен на Клиниката за неврохирургија каде му била извршена интервенција и е задржан на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување. На 11 август оштетениот им подлегнал на повредите, а дежурен обвинител издаде Наредба за обдукција“, пишува во соопштението на Обвинителството.

„Вчера во попладневните часови напаѓачот е лишен од слобода. Надлежниот јавен обвинител ценеше дека се исполнети законските основи за определување на мерката притвор за осомничениот и достави Предлог до Основниот суд Скопје 1 – Скопје. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот на обвинителството и на осомниченото лице со Решение му изрече мерка притвор во времетраење од 30 дена“, се додава во соопштението на Обвинителството.​

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Обвинителството бара куќен притвор за судијата од скопска Апелација кај кого беа пронајдени 350.000 евра

Горан Наумовски

28-годишник од Битола крвнички ја уби својата баба, се истражува дали осомничениот е психички болен

Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на судија од Апелациониот суд во Скопје

Предраг Петровиќ

Го уби татко му затоа што му го зема нинтендото

А1он

Полицијата врши претреси на повеќе адреси поради сомнежи за даночна измама

Полицаец призна убиство на бремена фитнес инструкторка – играле „игри со задушување“

А1он