Пристигнаа германските експерти за истрагата на пожарот во болницата во Тетово

Од:

Тим од германски експерти кои треба да ги истражат причините и околностите за пожарот во модуларната ковид болница во Тетово денеска пристигна во државава, потврдија од Владата.

Германскиот тим од Федералната криминалистичка служба, како што беше најавено претходно, е составен од четворица експерти и тоа од двајца крим техничари и форензичари за истражување пожари и двајца крим техничари и форензичари за ласерско мерење на простории и за фотографирање.

Во пожарот што избувна пред една недела во модуларната болница во Тетово животот го загубија 14 лица.

Би можело да ве интересира

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни

Горан Наумовски

Германија ја повлекува поддршката за Израел во случајот за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата

Мерц: Долготрајната војна не е во интерес на Германија

Британија, Франција и Германија: Може да преземеме неопходни одбранбени мерки против Иран

Нова главоболка за Мерц: Зелените бараат итна истрага за „германска поврзаност“ во аферата Епштајн

Кина ги престигна САД