Прилепчанец се расправал со сопругата, па и ја запалил ординацијата

Од:

На 26.10.2022 околу 22 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Д.Ѓ.(47) од Прилеп. Тој се сомничи дека околу 19.50 часот предизвикал пожар во ординацијата на неговата сопруга на улица „Сотир Ѓорѓиоски – Сотка“ во Прилеп, по претходно нарушени семејни односи.

Во службен разговор во полициска станица тој признал дека со бензин ја запалил ординацијата, при што изгорел инвентарот, а било оштетено и патничко возило „фолксваген пасат“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на С.С.(19) од Прилеп, кое било паркирано пред ординацијата.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп, а повредени лица нема. Д.Ѓ. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Вкупно 14 пожари на отворено, два сѐ уште активни

МВР: Пожарот на „Рампа“ е подметнат

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Кисела Вода е ставен под контрола, повреден пожарникар

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем пожар во Кисела Вода, чад се гледа од повеќе делови на Скопје

Катерина Ѓуровски

Гори борова шума над филтер-станицата кај Штип

А1он

Се чека пристапен терен за интервенција на пожарот во Дојран