Се чека пристапен терен за интервенција на пожарот во Дојран

Од:

Дополнително возило и луѓе на терен попладнево се пристигнати на локацијата во близина на македонско – грчката граница, каде околу 10 часот е пријавен пожар, информираат од Центарот за управување со кризи во Гевгелија.

Според информациите од подружницата на ЦУК, заедно со двете противпожарни возила на доброволното противпожарно друштво „Дојран“ со пет пожарникари и едно специјално возило на ТППЕ Гевгелија со четворица пожарникари, на терен се и едно возило од ТППЕ Валандово со двајца пожарникари, како и осум вработени во „Македонски шуми“.

Ветерот со променлив правец и со различен интензитет попладнево го смени правецот на пожарот кој се појави на месноста Владаја кон населениот дел, поради што следеа реакции од жители кои веќе го гледаат поблиску огнениот чад.
Од Центарот за управување со кризи велат дека поради непристапниот терен на локацијата која минува низ Солунскиот фронт од Првата светска војна, потребно е внимателно движење и се чека огнот да дојде до дел од каде ќе може да се интервенира.

Местото е обезбедувано и од полициско возило. Според ЦУК – Гевгелија, гори деградирана шума и прнар, а поради присуството на ветер огнот се шири во повеќе правци.

Грчките медиуми од соседен Кукуш, со фотографии од нивни екипи на терен, исто така известија за пожарот.

Би можело да ве интересира

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство

Даг Форд му одговара на Трамп: Апсолутно е неприфатливо, еден ден ние ќе ви требаме

Пожар на депонијата кај Струмица, пожарникарите апелираат до граѓаните да останат смирени

САД: 50 милиони луѓе погодени од временски непогоди и чад од шумски пожари во Канада

Во ЕУ има 15,7 судии на 100.000 жители, а во Македонија 20,1

Пожар во Норвешка уништи повеќе од 100 куќи, огнената стихија е надвор од контрола