Дваесет и тригодишната В.С. од Прилеп, побарала полициска помош откако нејзиниот вереник Д.Ш., ja истепал, но и нејзиното малолетно дете.
Од ударот, таа паднала на кревет, а Д.Ш. продолжил да ја удира со раце и нозе по целото тело.
Во собата било и малолетното дете на В.С., кое ја бранело мајка си. Но, насилниот Д.Ш. го удрил и детето по глава, па и се заканувал дека ќе ја убие со пиштол, неа и детето.