Прилепчанец и штипјанец провалувале во цркви во охридските села

Од:

Охридската полиција поднесе кривична пријава против две лица поради основано сомнение дека се сторителите на три провални кражби во верски објекти во охридскиот крај.

Според полициското соопштение, двете лица од кои едното од Прилеп, а другото од Штип, извршиле три кражби во црквата „Св.Тројца“ во селото Горенци, „Св.Недела“ во Оровник и „Св.Никола“ во Требеништа.

Тие со употреба на чекан, нож и шрафцигер ги обиле влезните врати и преку употреба на физичка сила насилно влегувале во црквите. Во црквата „Св.Никола“ во Требеништа, тие се качиле на скелето од јужната страна на црквата и преку прозорот се спуштиле во црквата од каде одзеле вкупно 200 денари оставени на иконите. Извршувајќи ги кражбите пријавените се стекнале со противправна имотна корист од околу илјада денари.

Станува збор за истите лица кои минатиот месец провалија и во црквата „Св.Петка“ во Струга, од каде одзеле 600 денари, три бакарни свеќници високи околу 1,3 метри, четири бакарни и три алуминиумски тепсии како и други поситни предмети.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава против лице од скопско, расчистени четири тешки кражби

Ги намаливме кражбите, ама и граѓаните треба подобро да се штитат, порачува Спасовски

Жарко Настоски

Дрски скопски крадци влегле преку балкон и ограбиле мајка и ќерка, додека жртвите спиеле

Жарко Настоски

Тројца малолетници осомничени за 12 кражби во Тетово

Штипската полиција фати тинејџер-сериски арамија кој извршил 22 кражби

Жарко Настоски

МВР: Кражба на аптека во скопско, палени контејнери кај пазарот Буњаковец

А1он