Пријавата за упис во средно идната недела учениците да ја преземат од веб-страницата на МОН

Од:

Учениците кои идната недела ќе се запишуваат во средните училишта, заедно со целокупната потребна документација наведена во Конкурсот треба да носат и пријава која може да ја преземат од веб-страницата на Министерството за образование и наука www.mon.gov.mk.

Формуларот за пријавување е достапен на четири (наставни) јазици – македонски, албански, турски и српски. Потребно е секој ученик да го испечати, пополни и да го достави до училиштето заедно со останатите документи.

Уписите во средните училишта за учебната 2020/2021 година ќе бидат идната недела и ќе се спроведат согласно со насоките од Протоколот усвоен од Владата по препорака од Комисијата за заштита од заразни болести, кој е проследен до сите училишта.

Првото пријавување ќе биде на 16, 17 и 18 јуни во периодот од 7 до 19 часот, како и на 19 јуни од 7 до 13 часот. Училиштата во кои бројот на пријавени ученици во последните години е помал од бројот предвиден во конкурсот, може да организираат пријавување на учениците само во деновите 16 и 17 јуни. Ранг-листите со запишани ученици ќе бидат објавени на 19 јуни по 15 часот.

Во средните училишта за уметничко образование, пријавувањето на учениците ќе се реализира на 16 и 17 јуни, а во деновите 18 и 19 јуни ќе се организира квалификациски испит согласно со донесените протоколи.

Од МОН посочуваат дека секое училиште има обврска во рамки на утврдениот период (од 7 до 19 часот за сите три дена, односно од 7 до 13 часот на 19 јуни), да определи интерен временски период за прием на документите, да објави распоред за прием на документите според азбучен ред од презимето и нив да ги објави на јавно место во училиштето најдоцна до 12 јуни 2020 година.

Би можело да ве интересира

До 20 ноември аплицирање за студентска стипендија, МОН ќе додели вкупно 3000 по нов модел на распределба на средствата

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

Затворени се 26 рурални училишта, во основно образование има 200, а во средно 100 паралелки помалку

Катерина Ѓуровски

МОН со остар демант: Левица манипулира со податоци од ревизија

НАкС: МОН игнорираше голем дел од нашите предлози за високо образование

Јаневска: Напредувањата во звања мора да се темелат на квалитет