Причард: Членството на Македонија во НАТО ќе ја зајакне Алијансата

Од:

Членството на Македонија во НАТО ќе ја зајакне Алијансата, а тоа е во интерес и на ЕУ, оцени британскиот парламентарец Марк Причард на денешната заедничка прес-конференција во Скопје во министерот за одбрана Зоран Јолевски.

– Во еден небезбеден свет во кој што живееме денес НАТО треба уште повеќе да се зајакне и сметам дека тоа ќе се случи доколку Македонија стане полноправен член на Алијсаната. Се надевам дека ќе дојде до промена на размислувањето и на однесувањето на одредени земји бидејќи во денешните услови во кои што живееме треба заеднички да се спротивставиме на заедничкиот непријател, а не меѓусебно да се бориме со цел да се добие една голема и целосна Европа. Ќе биде во колективен национален интерес и на ЕУ доколку Македонија стане членка на НАТО, рече Причард, кој кој заедно со неговиот колега Брајан Бинли денеска ја заврши посетата на Македонија.

Тој истакна дека односите меѓу Велика Британија и Република Македонија се одлични и изрази почитување за придонесот на РМ во рамки на мисиите во Авганистан и претходно во Ирак. Ја подвлече и репутацијата на македонските војници, која вели, е одлична а тие добиваат голема пофалби за нивната посветеност, професионализам и заложби како од британското Кралство така и од други членки на НАТО кои учествуваат во овие мисии.

– Сакам да ја изразам мојата лична критика до одредени постоечки членки на НАТО кои не се подготвени да учествуваат во борбени мисии на НАТО, иако се членки. Од друга страна Македонија иако не е членка на НАТО учествува во борбените мисии и би сакал уште еднаш да го изразам моето почитување за ангажманот на вашите војници во овие мисии, рече британскиот пратеник.

Тема на разговорите рече министерот за одбрана Јолевски биле аспирациите на Македонија за членство во НАТО, а тој ги презентирал и постигнувањата на земјата и на АРМ како и аргументите зошто го заслужуваме членството.

– Високо ја цениме соработката и пријателството помеѓу Република Македонија и Велика Британија. Изразивме подготвеност оваа соработка и понатамну да се развива, особено во одбраната, каде имаме голем број наши офицери на обука во Британија, меѓутоа и поддршката што ја добиваме од Лондон во нашата мисија во ИСАФ, во Авганистан, рече Јолевски.

Британските пратеници за време на повеќедневната и воедно прва нивна посета на Македонија се сретнаа и со шефот на државата Ѓорге Иванов и со премиерот Никола Груевски

Би можело да ве интересира

НАТО соопшти за што разговарале Руте и Трамп

Претседателката Сиљановска Давкова ја прими Радмила Шекеринска, новоизбраната заменик-генерална секретарка на НАТО

Трамп го номинираше Метју Витакер за американски амбасадор во НАТО

Мицкоски: Немавме никаква дилема да ја поддржиме Шекеринска, и се јавив уште вчера

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Малодушноста на ВМРО-ДПМНЕ блеска посилно од кога било

Шекеринска е нов заменик генерален секретар на НАТО

Катерина Ѓуровски