Презентирани резултатите од Студијата за справување со загадувањето на воздухот во град Скопје

Од:

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, заедно со амбасадорката на Шведска во РСМ, Н.Е. Кристин Форсгрен Бенгтсон, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и постојаниот претставник на УНДП во Северна Македонија, Армен Григорјан, денес учествуваа на настанот каде што беа презентирани резултатите од Студијата за пропорционирање на загадувачите на воздухот во градот Скопје.

– Задоволен сум што со изработката на студијата „Справување со загадувањето на воздухот во град Скопје“, чии резултати се презентирани денес, се покажа сериозно вклучување и на научната заедница која и врз научна основа потврди дека изворите на загадувањето се речиси идентични со оние што ние ги земавме како основа при креирање на мерки и политики – рече министерот Нуредини, истакнувајќи дека во однос на аерозагадувањето во главниот град Скопје, неопходен е сериозен пристап во замената на начините на затоплување, што поитна гасификацијата, потоа поголема енергетска ефикасност и заштеда на енергијата, што се условени и со современите економски трендови, но и воведување на подобрени сообраќајни режими и обезбедување на функционален еколошки јавен транспорт, со што ќе се намали користењето на сопствени возила.

Со подобрената регулатива, зголемените обврски на локално ниво за изработка на планови за намалување на загадувањето на воздухот и преземање на интервентни мерки, со унапредување на државниот мониторинг систем за квалитет на воздухот, но и со појасни обврски и одговорности согласно новиот Закон за инспекциски надзoр и Закон за индустриски емисии, МЖСПП очекува уште повидливо подобрување на квалитет на воздухот.

Би можело да ве интересира

ИКС: Да зборуваме повеќе за животната средина во време на растечка еколошка криза

Град Скопје: Трајко Славески не прифати седница за донирање на месечните паушали за Леонид

Предраг Петровиќ

Дива депонија во Визбегово, Арсовска најави кривични пријави

Стојановски: Утре изутрина од 4:45 часот јавниот градски превоз ќе продолжи нормално да функционира

Предраг Петровиќ

Советот на Град Скопје ја донесе одлуката за давање субвенции на ЈСП Скопје за 2024 година

Град Скопје: Вработените во ЈСП Скопје без плата, а граѓаните на Скопје без превоз