Презентација на извештајот и дебата „Земјите членки на ЕУ и проширувањето кон Балканот“

Од:

Презентација на извештајот на Центарот за европски политики од Брисел и јавна дебата на тема „Земјите-членки на ЕУ и проширувањето кон Балканот“, ќе се одржи утре, 18 декември (петок), со почеток во 14 часот, во хотелот Холидеј ин во Скопје (сала Скала 1). Настанот е во организација на Фондацијата Отворено општетество – Македонија.

На овој настан ќе се презентираат и дискутираат наодите од истражувањето на една од најреномираните тинк-тенк организации кои се занимаваат со европските прашања – Центарот за европски политики од Брисел (ЕПЦ). Ова е едно од ретките истражувања кое детално се занимава со перцепцијата и ставовите на политичките и граѓанските елити од 17 држави-членки на ЕУ кон прашањето на зачленувањето на државите од Западен Балкан во ЕУ.

12386486_10208336517505769_1248659511_n

Ова истражување дава еден нов поглед за тоа какво е гледиштето од државите-членки кон идното проширување на ЕУ лоцирајќи ги спорните точки, разумните дилеми, но и стереотипните реакции. Студијата на ЕПЦ отвора перспективи за анализа на степенот и изворите на т.н. замор од проширување, но и шансите за внесување на нова енергија и надеж за надминување на заморот и заживувањето на определбата за интегрирање на Западен Балкан во ЕУ.

Говорници ќе бидат Корина Стратулат од Центарот за европски политики, Брисел, Јоанис Армаколас од ELIAMEP и Универзитет Македонија, Солун, и Бојан Маричиќ од Македонски центар за европско образование, Скопје.

Настанот ќе го модерира Срѓан Цвијиќ од Фондациите Отворено општество од Брисел, а воведен збор ќе има извршната директорка на Фондацијата Отворено општество – Македонија, Фани Каранфилова-Пановска.

Би можело да ве интересира

Негативни коментари по дебатата на МРТ: „Ова не е дебата, туку квиз“

Јакимовски е против уставни измени со цел внесување на Бугарите во Уставот

„Дами проверете се“ – Јавна дебата на ФОН за подигање на свеста за ракот на дојка

А1он

Анализа на Собрание: Половина пратеници говорат без аргументи, нема почит кон личноста на колеги од друга партија

Орце Костов

Одговорноста за врсничкото насилство е во целото општество и проблемот треба да се решава системски

Болсонаро навреди новинарка за време на дебата: Заспиваш размислувајќи за мене

А1он