Во организација на Иницијативата за единство и заложба на Ромите, денеска во Скопје ќе биде презентирана Декларацијата за стратешките цели и интереси на Ромите во Република Македонија.
Во претходниот период, различни групи – претставници на Ромската заедница во Македонија, како што велат организаторите, разговараа и дебатираа за заеднички заложби на Ромите во Македонија, од каде што произлезе дискусијата за оваа Декларација за стратешките цели и интереси.
– Не е идеално се додека не сме единствени во остварувањето на поставените цели кои што ги дискутираме. Контекстот е динамичен и променлив, додека јавно поставените цели се откриени позиции во даден временски интервал на вклучените страни кои што може да влијаат и да го менуваат контекстот во кој што делуваме, велат организаторите.