Превентивна систематска дератизација во општините Новаци и Могила

Од:

Јавната здравствена установа Центар за јавно здравје-Битола денеска врши систематска дератизација во општините Новаци и Могила.

Од ЈЗУ Центар за јавно здравје-Битола информираат дека дератизацијата се врши на подземниот каналски систем на објекти од посебен јавен интерес.

– Во општина Новаци со дератизацијата ќе бидат опфатени детските градинки, воспитно-образовните институции, здравствени установи, како и објектите на локалната самоуправа, полициската станица и локалната пошта, посочуваат од ЈЗУ Центар за јавно здравје-Битола.

Првата фаза од превентивната систематска дератизација ќе се врши и во општина Могила каде отровни мамци за уништување на глодари-глувци ќе се врши на каналската мрежа кај училиштата „Гоце Делчев“ во Могила и „Браќа Миладиновци“ во Добрушево, амбулантата во Могила, како и кај други објекти од јавен интерс во таа локална самоуправа.

Би можело да ве интересира

77-годишен могилчанец уапсен откако мавтал со пиштол низ селото

Жарко Настоски

Битолско: Во Могила 33.8%, во Новаци 51.5% од запишаните гласале до 13 часот

Жарко Настоски

Превентивна дератизација на подрачјето на Општина Могила

Ана Ололовска

Пендаровски до наставниците во Могила: Честитам на вашата посветеност за мотивирање на учениците

А1он

ЈКП „Комунална хигиена“ – Новаци дезинфицира јавни површини и објекти во Општина Новаци

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Трипуновски: Заев бега од дуел затоа што вистината боли

Наум Локоски