ЈКП „Комунална хигиена“ – Новаци дезинфицира јавни површини и објекти во Општина Новаци

Од:

Општина Новаци и ЈКП „Комунална Хигиена” ја почнаа втората фаза од оперативниот план за дезинфекција на јавни површини, објекти, урбана опрема, фрекфентни места и пешачки патеки.

Активноста е дел од сетот превентивни мерки за заштита на населението од коронавирусот донесени од Општинскиот кризен штаб со кој раководи градоначалникот на Општина Новаци, Љубе Кузманоски.

–Екипи од ЈКП „Комунална Хигиена” вршат дезинфекција во населените места по утврден распоред. Оперативниот план покрај активности на дезинфекција содржи и активности за миење на локални улици, патишта и тротоари по утврден приоритет и фрекфенција. Заради обезбедување на поголема заштита на јавното здравје, на граѓаните им препорачуваме доследно да ги применуваат мерките на Владата, препораките од Министерството за здравство како и мерките и препораките од Општинскиот кризен штаб, посочи Кузманоски.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска