77-годишен могилчанец уапсен откако мавтал со пиштол низ селото

Од:

Битолски полицајци вчера во Могила го уапсиле 77-годишниот жител на селото С.Е., кој претходно со пиштол им се заканувал на повеќе соселани, информираат од полицијата.

„На 11.04.2021 во с.Могила, полициски службеници од Полициската станица Битола го лишиле од слобода С.Е.(77) од Могила, затоа што со пиштол се заканувал на неколку лица од селото,“ се вели во полициското соопштение.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава по член 133 од Кривичниот законик, додаваат од МВР.

Би можело да ве интересира

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

Индиции за убиство и самоубиство во случајот во Богданци

Катерина Ѓуровски

Две тела и опожарено возило кај Богданци

Катерина Ѓуровски

Шестгодишно дете тешко повредено откако било прегазено од камион во Скопје

Полицајка и раководител во Прифатниот центар за странци под истрага за тешка кражба и полово вознемирување

Катерина Ѓуровски