Превентивна дезинсекција на подрачјето на општина Битола

Од:

Центарот за јавно здравје-Битола од денеска до 13 јули ќе врши превентивна систематска дезинсекција на територијата на градот Битола, како општа против епидемиска мерка.

Од ЈЗУ Центар за јавно здравје-Битола информираат дека акцијата ќе се реализира согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, а врз основа на одлуката на Советот на општина Битола за спроведување на превентивна систематска дезинсекција.

– Уништувањето на комарците ќе се врши со запрашување од земја во периодот од 19 до 2 часот, со апаратура за УЛВ ладно запрашување поставена на пикап-возило. Со оглед на тоа дека активностите ќе се изведуваат во вечерните часови, на возилото со апаратурата за дезинсекција ќе му претходи друго возило означено со ротационо светло. Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини на целото градското подрачје и периферијата на градот. Третирањето ќе се изведува со препаратот AQUA K-OTHRINE со активна супстанца DELTAMETRIN, посочуваат од Центарот за јавно здравје-Битола.

Би можело да ве интересира

Силувано е 12 годишно девојче во Битола – ОЈО води истрага за 36 годишник

А1он

Безживотно тело на битолчанец извлечено од реката Драгор

Поплавени улици во Битола по обилниот дожд во градот

Обвинителството започна истрага за грозоморното убиство во Битола

Убиство во битолската населба Баир, жртвата е млада жена

Катерина Ѓуровски

Поради свлечиште затворена обиколницата околу Битола, сообраќајот се пренасочува преку градот