Претставници од Би-Би-Си ќе ја учат МРТ како да известува балансирано за изборите

Од:

Новинарите од Македонската Радио телевизија добија прирачник за етички и професионални принципи за медиумско покривање на изорни процеси, а наредната недела, претставници од јавниот сервис на Британија, Би-Би-Си ќе ги учат новинарите од МРТ како да известуваат балансирано за изборите.

Според британскиот амбасадор во Македонија, Чарлс Герет, МРТ мора да почне да ги употребува овие принципи уште веднаш, а воедно и да биде лидер на другите македонски телевизии за тоа како се известува балансирано.

– Баланс, непристрасност и независност на медиумите се почетни ингеренции за слободни и фер избори. Затоа, Британската амбасада го гледа како приоритет медиумскиот сектор во нашите билатерални односи. Оваа година треба да имате чисти избори, што ќе биде чекор напред за излегување од политичката криза, рече Герет.

Тој вели дека во нашето општество телевизиите се клучен играч и мораат да спроведат балансирано покривање и доверливи информации за изборите.

Според директорот на МРТ, Марјан Цветковски, Макдонската Радио телевизија се залага за стандарди за известување, а веќе е подобрена технички и е ребрендирана.

– Првпат имаме прирачник како професионално да се врши работата за време на изборите. Сепак, овој документ не ги решава проблемите на МРТ, но е добар почеток. Јавниот сервис ќе биде непристрасен и урамнотежен сервис, принцип за фер и демократски избори, рече Цветковски.

Според Марина Тунева, документот се потпира на практики од светот, особено од BBC, Член 19, ОБСЕ и УНЕСКО.

– Јавниот сервис мора да информира критички и непристрасно. Мора да негува и развива комуникација со публиката, бидејќи тоа е најбитно, рече Тунева.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лавров исфрли новинар од салата: „Ако не го предадете телефонот, ќе го извадат оружјето“

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

Светски ден на слободата на медиумите: Слободните медиуми се столб на демократијата

ВИДЕО: Слободата на медумите во Македонија е во пад, состојбата сега е „проблематична“

Маскирани агенти ја претресуваат московската канцеларија на „Новаја Газета“

Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа ќе биде затворен на 31 март