Претставници на ВМРО-ДПМНЕ на средба со Османи: Искажан сомнеж во капацитетите и волјата на актуелната влада да ги реализира преземените обврски

Од:

„На барање на Заменик Претседателот на Владата на Р. Македонија Бујар Османи, беше реализирана средба со потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Александар Николоски, координаторот на пратеничката група Драган Данев и советникот на претседателот за надворешна политика Тимчо Муцунски.

На средбата од страна на Заменик претседателот на Владата, Османи и претставниците на Секретаријатот за европски прашања беше презентиран Планот 18 кој владата има намера да го реализира наредниот период“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ на состанокот изрази сериозни забелешки во однос на реализација на реформите од претходниот План 3-6-9 потенцирајќи ги потфрлањата во сите суштински области. Практично и немаше област во претходниот план каде што целосно и навремено беа реализирани преземените обврски, а поголемиот дел од пропустите беа забележани и нотирани и во нон-пејпр документот објавен во медиумите. ВМРО ДПМНЕ ја истакна загриженоста од општо распространетоста на корупцијата и немањето волја на владата да се бори со организираниот криминал во сопствените редови, факт кој што катастрофално се одрази и на паѓањето на Македонија на листата на меѓународната Транспарентност. Проблемите во судството не само што не се надминаа, туку истото по завршување на последниот дел од планот стана максимално клиентелистичко, а самиот премиер почна да ги најавува пресудите. Подеднакво лоша е состојбата и со партизирањето на јавната администрација, кој од 3 во 6 па се до 9, во континуитет регресираше. Партиската делегација ја потенцираше и катастрофалната економска ситуација и лошите политики кои ги води владата, а кои ризикуваат да предизвикаат долгорочни штети по државата и стандардот на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ ја пренесе пораката дека ваквите планови не смее да се третираат како ПР алатка на власта која би служела само за дефокусирање на јавноста од актуелните проблеми, туку дека мора да се реализираат суштински реформи кои ќе го подобрат животот на граѓаните. Во тој контекст беше изразен сомнеж во капацитетите и волјата на актуелната влада да ги реализира преземените обврски“, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Мицевски: Од Венециската комисија очекуваме стручно, независно и објективно мислење за измените на Законот за правосудниот испит

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче се сретна со Рама без македонско знаме, а средбата ја премолчи пред јавноста

Стојаноски: Ќе ја поддржиме иницијативата на Пратеничката група на СДСМ за вонредна седница поврзана со семејното насилство

(ВИДЕО) Мециновиќ: Имаме влада крвник на сопствениот народ, три години не ја зголемува минималната плата и ја штити олигархијата

ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност од Обвинителството за пуштањето на осомничениот за нападот врз Сара

Левица: “Транспарентност“ по вмровски рецепт – ДПМНЕ предлага да платиш за да видиш кој го добил тендерот, итно да се повлече предлог-законот