Претставено значењето на RYCO за Македонија

Од:

Независниот институционален механизам RYCO за кој пред една година беше потпишана Спогодбата за создавање на Канцеларијата за регионална младинска соработка во Париз воспоставен од државите од Западен Балкан: Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија денеска беше претставено неговото значење за Mакедонија.

Амбасадорот на Франција во Македонија Кристиан Тимоние потсети дека Македонија беше меѓу првите земји што го потпиша и ратификува договорот за RYCO кој, како што рече, во услови на политичка криза беше сигнал дека се мисли на иднината и во тешки услови.

– Ја создадовме оваа организација според моделот на соработка помеѓу младинските организации од Франција и Германија што одиграа голема улога во процесот на помирување на двете земји. Сега е време да се започне со проектите, има седиште во Тирана и генерален секретар од Белград, така што ништо не е невозможно и ова е иднината, нагласи Тимоние.

Германската амбасадорка Кристине Алтхаузер појасни дека идејата да постои младинска канцеларија се водела од примерот на Франција и Германија по „Берлинскиот Процес“ кој започна во 2014 година. Во Македонија, рече таа, се зборува за отворање нова страница и тоа е поврзано со отворањето на младинската канцеларија, а треба да се искористи можноста за RYCO да профункционира.

Според Ренате Коблар, амбасадорката на Австрија во Македонија, „Берлинскиот Процес“ го поттикнува процесот на регионална соработка, но и дека во 2015 година по самитот во Виена е донесена и една од најважните одлуки, односно основањето на RYCO.

– Идејата е едноставна, посета на млади луѓе во соседните земји, да престојуваат во семејства, да одат во локални училишта, а со тоа се рушат менталните препреки и да се отвораат нови хоризонти, истакна Коблар.

За амбасадорот на Италија Карло Ромео RYCO е успешна приказна и покрај потешкотиите со кои се соочува. Според него тоа претставува добар пример на една заедничка сопственост и соработка меѓу шесте земји од регионот. Амбасадорот на Италија порача дека на самитот во Трст кој треба да се одржи оваа година ќе се прати важна порака на дијалог и соработка.

– Во Трст покрај самиот ќе бидат одржани бизнис форум, состанок за борба против корупција, форум со граѓанското општество итн. Сигурен сум дека од Трст ќе пратиме важна порака на дијалог и подобра соработка меѓу земјите од регионот, рече Ромео.

Новиот директор на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски ги акцентираше придобивките од RYCO за младите луѓе во Македонија. Тој нагласи дека веќе од септември, RYCO ќе започне со првите проекти за млади, кои нудат размена на млади.

– Агенцијата за млади и спорт ќе биде партнер на младите луѓе. Ќе посветиме големо внимание на намалување на младинската невработеност која е поголема од 50 проценти. Нашата цел е целосна отвореност и транспарентност на АМС, сите политики и решенија за млади ќе ги носиме заедно во консултација со младите и младинските организации, посочи Каевски и го повика македонското граѓанско и младинско општество да ја искористи шансата преку креирање и предлагање конкретни проекти.

RYCO има цел да го промовира духот на помирување и соработка помеѓу младите луѓе во регионот, преку програми за размена на млади. Компаниите од Западен Балкан го споделуваат заедничкиот товар од неодамнешните војни, но и заедничкото наследство и заедничките предизвици. Тоа влијаело врз младите луѓе кои израснале во регионот растргнат од предрасудите и нетолеранцијата. Од друга страна, постоењето на голем број одвоени етнички групи во балканските земји е една од причините за таа психичка бариера којашто им пречи на луѓето, покрај онаа административната.

RYCO е инспириран од француско-германскиот модел на помирување и неговото создавање беше поддржано од страна на француско-германската младинска канцеларија (OFAGE – DFJW), како и од други европски младински организации. RYCO е дел од агендата на процесот од Берлин и го доби сето свое место преку организирањето на самитот во Берлин 2014, Виена 2015 и Париз во 2016 година, како и на следниот самит во Трст во 2017 година.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС

А1он

За злоупотреби на ваучерите поднесено обвинение против дванаесетмина

МОК бара разрешување на Мојсоски и замрзнување на доделувањето спортски ваучери

Ана Ололовска

ВИДЕО: Премиерот Ковачевски му врачи стипендија на младиот пливач Марко Пејчиновски

Ана Ололовска

ВИДЕО: Преку ваучерскиот систем спортистите имаат сигурен партнер

Ана Ололовска

Крива Паланка ќе добие нова фитнес зона

Ана Ололовска