Претседателските кандидати и денеска на средби, трибини и митинзи

Од:

Претседателските кандидати и денеска на средби со граѓани, трибини и митинзи ја продолжуваат изборната кампања со претставување на нивните програми и концепти.

Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска Давкова, ќе одржи митинзи во Тетово и во Гостивар.

Карванот на коалицијата „Заедно напред“ на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски ќе биде на средби со граѓани на Градско, Росоман, Демир Капија, Неготино и Кавадарци.Пендаровски ќе учествува на граѓански трибини во Дом на културата „Крсте Петков Мисирков“ во Градско во Пензионерскиот дом во Росоман, во спорстката сала во Демир Капија и во Домот на култура „Ацо Ѓорчев“ во Неготино. Централниот настан е најавен во Кавадарци каде во Домот на култура „Иван Мазов Климе“, ќе се одржи трибина и ќе има обраќања на кандидатот Пендаровски и претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев.

Претседателскиот кандидат Блерим Река, кој доби поддршка од БЕСА и Алијансата на Албанците, за денеска нема најавено настани.

Во досегашната кампања меѓу клучните теми на кандидатите изнесуваа свои ставови беа Договорот од Преспа, проблемот со миграцијата на младите, перспективите за членство на државата во НАТО и ЕУ, но и дневно политички теми.

Според најавата од изборните штабови, Силјановска Давкова ќе се претстави на централен митинг во Скопје претстојниот викенд на 13 април, а ден потоа, на 14 април, централен митинг ќе има и Пендаровски. Река ќе има завршна конвенција на 18. месецов.

Кампањата официјално почна на 1 април, а ќе трае до 19 април по што следува 24-часовен изборен молк пред денот на гласањето на 21 април.

Би можело да ве интересира

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ

Локални избори во Брвеница: Радически води со 1.145 гласови, пред Хусеини со 618

ДИК почна да ги објавува првичните резултати од гласањето: Радически има 891 глас, Усеини 438, Радески 226