Претседателот на ДПА Тачи се сретна со амбасадорот на ОБСЕ Брет

Од:

Претседателот на ДПА Мендух Тачи денеска во седиштето на партијата беше домаќин на шефот на мисијата на ОБСЕ во Македонија амбасадорот Ралф Брет.

За време на средбата соговорниците разговарале за актуелните политички случувања во земјата, за предвремените парламентарни и претседателски избори, евро-атлантските интеграции, како и други теми од взаемен интерес.

Претседателот на ДПА, како што соопшти денеска партијата, на средбата го повторил ставот дека ДПА ќе продолжи со нејзината политика на конструктивен приод на политичко делување и изразил интерес за што можно поскорешно деблокирање на интегративните процеси на земјава.

Амбасадорот на ОБСЕ Ралф Брет, пак, високо го оценил конструктивниот пристап на ДПА околу сите битни прашања.

Би можело да ве интересира

ДПА го дефинираше учеството во коалицијата на ДУИ

ДПА избра ново претседателство

Горан Наумовски

Бектеши: Албанската опозиција не ја прифати средбата, нивната цел е да блокираат

Ана Ололовска

Синот на Мендух Тачи стана доктор на политички науки

Жарко Настоски

Тачи од Тетово: Дводомен парламент за да не биде ускратено ниту едно право на Албанците

А1он

Мендух Тачи: Македонците ќе бидат обврзани да прифатат дводомен парламент и не правам договор со ДУИ

А1он