Претседателот Иванов не се возел на јахтата на Костовски?

Од:

Претседателот Иванов ниту ја поседува ниту се има возено со одземената јахта на бизнисменот Трифун Костовски изјавиле од кабинетот на шефот на државата за Утрински весник.

Ваква е реакцијата на претседателот Иванов по пишувањето во хрватскиот бизнис магазин Бизнис пипл во кое Костовски вели дека државата му ја одзела јахтата и сега во неа кога летува во резиденцијата Билјана се вози претседателот.

Власта ја користи многу често одземената јахта за прошетки на ВИП гости, објави Либертас.

Еден од нив бил и контроверзниот бизнисмен Субрата Рој, кој ветуваше дека од Охрид ќе направи Лас Вегас.

Костовски не сака да коментира околу јахтата, вели дека тоа што имал го кажал за угледното хрватско списание.

На прашањето дали ќе се обиде да си ја поврати јахтата, Трифун Костовски за Либертас вели „Не, и да сакаат да ми ја вратат ќе им ја подарам. Веќе не ми е важна, нека се возат тие“.

Би можело да ве интересира

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

Иванов: Се исполнува визионерскиот став на Кисинџер дека за конфликтот во Украина кога тогаш мора да почне дијалог

Горан Наумовски

Ќе воскресне ли аболицијата од Иванов – скопски адвокат поднел барање до Врховен

Анита Петровска Рајковиќ

ДКСК: Обвинувањата од Иванов се паушални

Ана Ололовска

Порнешниот претседател Иванов бара од Антикорупциска информација за предметите што се водат за него

Ана Ололовска

Иванов: По ваква изјава на премиер, во секоја демократска земја паѓа владата

Жарко Настоски