Претседателката на Вишиот управен суд купи службено „пежо“ од 32 илјади евра

Од:

Вишиот управен суд се поднови со ново „пежо пјур“ 3008, објавен е склучениот договор со „Еуроимпекс ДОО увоз – извоз“ на Бирото за јавни набавки.

Вредноста на возилото е 1.994.200 денари или приближно 32 илјади евра. „Пежото“ е бензинец со 5 врати и 5 седишта и еуростандард 6,2. Во ентериерот има мултифункционален екран на допир, хромирани елементи на градните крила, алуминиумски тркала… На договорот е потпишана претседателката на судот Лидија Ивановска. За возилото предвидена е гаранција од две години, а обезбеден е и сервис и оригинални резервни делови.

Неодамна и Управниот суд купи возило во вредност од 27 илјади евра. Сите четири апелациски судови го подновија возниот парк. Според податоците на Бирото за јавни набавки, гостиварска Апелација се поднови купи возило кое чини приближно 28 илјади евра. И скопска, битолска и штипска Апелација се подновија со возила во вредност од по 27 илјади евра.

На списокот купувачи на нови автомобили се и основните судови во Велес и Штип, но тие се поскромни, па возилата што ги набавиле со во приближна вредност од по 13,5 илјади евра.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Интервју со Огненовски: Треба да имаме доживотни и смртни казни за сите што ја пљачкаат Македонија, да се конфискува се што е нелегално стекнато од 1991 година наваму

Усвоена Развојната секторска стратегија за правосудството 2024 – 2028 година

А1он

Оценската мисија за Судскиот совет неделава завршува со мониторингот

А1он

Ковачевски за кривичниот законик: Казните се од комунистичко време, ги направил Дарт Вејдер, намалувањето е во согласност со ЕУ

Орце Костов

Пад на вредноста на општинските тендери во 2022 година за една третина

Лидерите на Северна Македонија мора да го ограничат политичкото мешање во судството, вели Стејт департментот

Предраг Петровиќ