Претседателите на бугарските клубови во Македонија ќе добијат бугарски пасоши, ќе им ги врачи Радев

Од:

Претседателот Румен Радев на церемонија во Домот на оружјето ќе им ги врачи бугарските лични документи на Љубчо Георгиевски и Благој Шаторов, соопштија од прес-службата на шефот на државата, а пренесе БНТ.

Љубчо Георгиевски е претседател, а Благои Шаторов е секретар на бугарскиот културен центар „Иван Михаилов“ во Битола, затворен од властите во Република Северна Македонија.

Потпретседателката Илијана Јотова ги потпиша указите за стекнување бугарско државјанство врз основа на нивното бугарско потекло.

Според бугарските медиуми, со ова се става крај на еден парадокс, имено дека претседателите на бугарските клубови во РСМ немаат бугарско државјанство и покрај заканите, вербалните и физичките напади кон некои од нив и кон нивните клубови, откриени во април 2022 година.

Би можело да ве интересира

„Фашисти, евтини бугарски проститутки“: Навредите кон македонските Бугари влегоа во извештајот на Европската комисија

Орце Костов

ВИДЕО: Млад битолчанец се повреди при обид да симне бугарско знаме

Орце Костов

Обвинение за „шефот“ на Здружението „Културен центар Иван Михајлов“, ја навредил еврејската заедница во Македонија

Горан Наумовски

Централен регистар го избриша „Иван Михајлов“ од Битола, а Уставен суд денеска ќе расправа за неговиот статус

Орце Костов

Претседателот Румен Радев врачи бугарски лични документи на Љубчо Георгиевски и Благој Шаторов

Ана Ололовска

Љупчо Георгиевски обвинет за ширење омраза: Претседателот на клубот во Битола ги навредил чувствата на Македонците

Орце Костов