Претрес во Битола, пронајдени дрога и оружје

Од:

МВР информира дека вчера, полициски службеници од полициска станица Битола го лишиле од слобода битолчанецот К.Н.(67). При претрес на дом и други простории на ул.„Илинденска“ во Битола, полицајците пронашле и одзеле марихуана, таблетки, две ловни пушки, пиштол и куршуми.

-По документирање на случајот, по насока на Јавен обвинител, против него ќе биде поднесен поднесок поради основано сомнение за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по член 215 и за „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, по член 396 од Кривичниот законик, соопштуваат од МВР.

Би можело да ве интересира

Крим техничар од гостиварската полиција призна дека украл запленети пари и злато

Катерина Ѓуровски

Маж од радовишко силувал 77-годишна жена

Полициски претреси во Скопје и Куманово, запленета е голема количина на амфетамин, уапсени се неколку лица

Горан Наумовски

Битолчанец платил 22.500 евра за да му се вработи синот во МВР

(ВИДЕО) Америка ги запира клучните испораки на оружје за Украина

Запленети околу 100 килограми марихуана во Струмица, лишени од слобода три лица