Претпладне сончево, попладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Од:

Времето денеска претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, од пладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни со услови за појава на град, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 19 до 25 степени.

Во Скопје сончево со умерена облачност, попладне нестабилно со пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне 24 степени.

Во следните денови продолжува периодот на променливо облачно и топло време, во попладневните часови на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, проследено со поинтензивен пороен дожд, силен ветер и со услови за изолирана појава на град.

Би можело да ве интересира

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски

Утре променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Ана Ололовска