Претпладне сончево, попладне локален пороен дожд

Од:

Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец, а попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има краткотрајно невреме со силен ветер и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната од 18 до 28 степени Целзиусови.

Во Скопје претпладне ќе биде променливо облачно со слаб до умерен северен ветер. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде 13, а максималната ќе достигне до 26 степени.

Продолжува периодот на променливо облачно и топло време, во попладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме со поинтензивен дожд, силен ветер и изолирана појава на град.

Би можело да ве интересира

Попова Шапка под снег, дождови во Крушево, Охрид и Претор

Горан Наумовски

Студено утро, умерени дневни температури – дожд и снег на повисоките места

Денеска облачно со дожд и јужен ветер

Минусни температури наутро, дожд и снег попладне

Зголемено ниво на реките низ земјата, метеоролозите најавуваат дожд утре

Денеска облачно со врнежи од дожд, температури до 12 степени