Денеска променливо облачно со повремен дожд

Од:

Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на планините на северозапад врнежи од снег.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието.

Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.

Во Скопје, променливо облачно. Претпладне ќе има повремени врнежи од дожд.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 11 степени.

Под влијание на серија влажни воздушни бранови следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, локално пообилни, а на планините од снег.

Поради продор на постуден воздух во понеделник врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места.

Ќе дува слаб до умерен, а во среда и четврток засилен ветер од југоисточен правец.

Би можело да ве интересира

Денеска сончево и топло со мала до умерена локална облачност

Денеска сончево и топло со услови за пороен дожд и грмежи

УХМР: Утре попладне засилен ветер, пороен дожд, грмежи и услови за појава на град

Утре нестабилно со пороeн дожд, од четврток следува топлотен бран со температури над 40 степени

Променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни

Горан Наумовски

Најмногу дожд наврна во Берово