Променливо облачно и топло, можен слаб дожд

Од:

ремето денеска ќе биде променливо облачно и релативно топло.

Претпладне ќе има слаб локален дожд, а по одделни котлини ќе има појава на магла.

Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има врнежи од дожд.

На повисоките планини во северозападните делови врнежите ќе бидат од снег.

Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови наместа повремено засилен ветер од западен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 5, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди.

Претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла.

Ќе дува слаб променлив ветер.

Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 15 степени.

Во наредните денови следува период на променливо време.

Во недела претпладне ќе има локални врнежи од дожд, а на планините во северозападните делови од снег.

Врнежи од дожд ќе има и во понеделник кои ќе бидат поинтензивни во југоисточните делови, а на планините ќе бидат од снег.

Поради продор на постуден воздух врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места.

Потоа во следните два дена ќе се задржи претежно стабилно време, а нови врнежи повторно се очекуваат од четврток.

Би можело да ве интересира

Денеска сончево со мала до умерена локална облачност

Ноќеска дожд, утре променливо облачно и постудено, наместа ветер над 60 км/h

Денеска облачно со повремен локален дожд

Променливо облачно, со локален дожд

Најмногу дожд наврна во Гевгелија 18 литри на квадратен метар

За викендот дожд, ветер и заладување