Претпладне облачно, попладне краткотраен дожд

Од:

Времето денеска претпладне во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне облачноста ќе се зголемува и ќе има услови за појава на краткотраен дожд претежно во западните планински делови и сосема на југоистокот од земјава. Ќе дува слаб до умерен претежно западен ветер.

Утринската температура ќе се движи од седум до 14, а дневната од 22 до 29 степени.

Во Скопје времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне и до крајот на денот облачноста ќе се зголемува. Преку денот ќе дува слаб до умерен претежно западен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 11, а дневната ќе се искачи до 25 степени.

Во среда времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд особено во западните и јужните делови од земјата. Ќе дува умерен повремено засилен северен ветер.

Променливо облачно и свежо ќе биде и во четврток, а ќе продолжи да дува и повремено засилен ветер.

Во следните денови потоа ќе биде стабилно и суво со пораст на дневните температури.

Би можело да ве интересира

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски

Утре променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Ана Ололовска