Претпладне магла, попладне врнежи од дожд

Од:

Денеска во Македонија се очекува магла по котлините, а во попладневните часови врнежи од дожд, најпрво во западните делови, а во текот на ноќта и низ целата држава.

Во северозападните делови врнежите ќе преминат во снег. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер кој во текот на ноќта ќе го смени правецот во северен, а температурата ќе се движи од седум до 16 степени.

Утре се очекува да биде претежно облачно, студено и ветровите и со врнежи од дожд, а на планините и повисоките места снег.

Повеќе дожд се очекува да наврне во источните делови, а на повеќе места ќе дува засилен северен ветел. Снежна покривка се очекува да се формира на планините и повиоките места. Дневната температура ќе биде ниска и ќе се движи од три до девет степени.

Во вторник ќе биде променливо облачно и студени, со повремен слаб снег во источните делови. Дневната температура ќе се движи од два до осум степени. Додека во среда ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб јужен ветер, а температурата ќе се движи од пет до 11 степени.

Би можело да ве интересира

На 25 октомври почнува зимското сметање на времето – стрелките на часовникот се поместуваат еден час назад

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он